Press "Enter" to skip to content

Кизиќ: АЕК е изненадување во Евро лигата, тоа нам ни дава поголем мотив

По освојувањето на бодот во Швајцарија против Шафхаузен, и серијата резултати кои не беа во прогнозите, утре Еурофарм Пелистер од Битола, продолжува со натпреварите во “Д“ групата од Европската лига. “Пелисерци“, денес отпатуваа од Битола, за утре во Атина да се соочат со грчкиот вицешампион и главното изненадување во натпреварувањето, екипата на АЕК. Екипата на АЕК победи во Франција, и затоа денес отпатуваа со голема претпазливост.

Голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ, на последниот тренинг во Битола за ова тешко гостување рече:

-АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа.  Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме.