Press "Enter" to skip to content

Конституиран новиот Совет на Општина Битола, претседател Габриела Илиевска од “Поинаку“ (фотогалерија)

По конституирањето на новиот Совет на Општина Битола, попладнево со 18 гласови „ЗА“ и 13 против за нов претседател е избрана Габриела Илилевска, носител на независната листа “Поинаку“.За Габриела Илиевска да биде претседател на Советот, гласаа 3 советници од “Поинаку“, 13 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и 2 советници од “Левица“, на предлог на Иван Чулакоски од “Поинаку“.По колективното гласање се гласаше и поединелно по барање на советничката група на СДСМ и Коалицијата.Претходно со Советот на Општина Битола заседаваше Марица Тодоровска, највозрасна советничка од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.Верификационата комисија ги потврди сите кандидати за советници и претседателот Пеце Милевски и официјално ги потврди сите 31 советник, 13 ВМРО-ДПМНЕ, 11 СДСМ, 3 Поинаку, 2 Левица, 1 ЛДП и 1 ДУИ. Пред верификацијата на мандатите на новите Советнички и изборот на комисиите кои беа потребни за денешните деловнички работи околу конститурањето на Советот, на советниците им се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој им го честита мандатот на советниците и им посака успешна работа, и рече:-Верувам дека од денес, Општината воспоставува еден нов начин на функционирање, во кој со единство, сплотеност и заедништво можеме да достигнеме највисоки цели и победи за Битола. Тука сме, благодарение на гласот на граѓаните и понатаму имаме обврска да го слушаме нивниот глас, нивните барања, потреби и приоритети. Како што сум изјавил претходно и денес, цврсто стојам на ставот кој ќе биде и мој начин на функционирање во следните четири години, политиката треба да се тргне од локалната самоуправа. Мојата заложба, како градоначалник е да направам спој помеѓу сите советници од Советот на општина Битола, за да работиме за доброто на градот, на граѓаните. Локалната самоуоправа мора да биде место каде нема да се поаѓа од лични, субјективни или партиски приоритети, туку институција во која сите ние ќе делуваме за нашиот заеднички интерес – Битола каква што им доликува на битолчани. Почитувајќи ја Вашата стручност и компетентност во различни области, знам дека, заедно ќе го исполниме она на што се обврзавме пред граѓаните, преку доследно спроведување на надлежностите, согласно законската регулатива.Опозициската советничка група за свој кандидат за претседател на Советот на Општина Битола го предложи Методија Илиевски, кој доби 13 гласови “ЗА“, 16 против и 2 воздржани.Советот ќе продолжи со работа со донесување одлуки, поради итниста, бидејќи денес е последен рок за поднесување на измени и дополнувања на Буџетот на Општината, односно ребаланс на буџетот е 15 ноември, а после овој датум не постои никаква законска можност за донесување на ребаланс, како и други точки.

More from ВестиMore posts in Вести »