Иако беше најавено дека контритутиувната седница на Советот на Општина Битола ќе започне во 12 часот, и ќе се конституира Советот, мнозинството и Претседателот, до тоа не дојде бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија во салата на Советот.
Дека конститутивната седницата е одложена соопштија стручните служби во Советот, по чекање од половина час.
Инаку во 12 часот во салта беа присутни советниците на СДСМ и Коалицијата, Поинаку, Левица, ЛДП и ДУИ.