Press "Enter" to skip to content

Пеце Милевски по изборот на Илиевска за претседател

Координаторот на советничката група на ВНРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Пеце Милевски по конституирањето на Советот и изборот на Илиевска за претседател рече:

-Имавме демократски избори во Општина Битола, граѓаните ја дадоа поддршката, а ние го добивме мандатот од граѓаните со ветување дека ќе работиме заедно и ќе ги решаваме сите прашања и проблеми со кои се соочуваат граѓаните и Општина Битола. Свесно, чесно и одговорно онака како што ја зедовме обврската пред вас почитувани граѓани, остануваме цврсти во решеноста да бидеме ваш сервис и да покажеме дека не е невозможно да бидат вклучени во функционирањето принципи кои ќе значат јасно и силно почитување на граѓаните на професионалноста и на вистинската посветеност на сериозниот пристап во обезбедување  на поквалитетен живот за секој од вас поединечно. ВМРО ДПМНЕ гарантира остварување на програмата и целосно реализирање на визијата, конечно Битола да биде општина каде единствено ќе се ценат и почитуваат промените, проектите и победите, општина во која непосредно ќе учествувате сите вие почитувани битолчани“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски, а за соработката со “Поинаку“ и “Левица“ додаде:

-Во моментов ние сме во официјална коалиција, туку во коалиција со граѓаните, а граѓаните како што кажав на почетокот на моето обраќање, 24 илјади граѓани, имаат мнозинство во Советот и тоа е она што е најважно во овој момент. Ние секогаш ќе работиме во интерес на граѓаните, а ефикасна и транспарентна општина е она што им треба на битолчани, а по пресот на СДМС за соработката со “Поинаку“ рече:

-Во овој момент немаме разговарано и не се занимаваме со политиканство и со ситни политички поделби.