Press "Enter" to skip to content

Христо Василевски шампион, а Димитар Симовски севкупен победник во “Б“ билјард дивизијата

Се одржа и последниот мастерс од “Б“ дивизијата во Амерички Пул Билјард на кој зедоа учество 16 играчи од цела Македонија. Се играше дисциплина “мултибол“ – наизменично се играат 8-ка,  9-ка и 10-ка.

На овој Мастерс кој се одржа во Битола имаше потполна доминација на битолските како од квантитативна така и од квалитативна гледна точка. Настапија вкупно 7 битолчани, а со сигурност има уште минимум толку играчи кој што можат да настапат па дури и да го освојат ова натпреварување.

Настапија: Реџеп Клења и Бенко Алија 13. место, и кај двајцата се чувствува неискуството. Тони Петровски 11 место, имаше шанса со победа во второто коло да обезбеди учество во “А“ дивизијата но притисокот кој си го создаде сам беше преголем. Со оглед на неговата упорност и желба за тренинг, би требало догодина тоа да го оствари.

Даниел Бошковски 9. место. Сосема солидно со оглед на тоа што прв настапува, а и сеуште го нема навикнато новиот предатор так.

Димитар Симовски си изигра рутински за да го освои 7. то место и со тоа да ја освои “Б“ лигата и да стане првиот битолчанец кој што освоил Лига во Македонија.  Догодина ќе имаме четири играчи во “А“ дивизијата и со тоа ќе станеме и таму најмногубројни.

Андреј Ангеловски 5. место. Млад играч со многу смисла за игра игра и скоро перфектна техника но една година во странство беше пресудна да е спречен да тренира.

На овој турнир една класа па можеби и повеќе над другите беше Христо Василевски кој со сите уверливи победи како брз воз буквално ја “сомле“ конкуренцијата и го освои овој Мастерс победувајќи го во финалето двократниот македонски шампион. Ова е резултат на сериозниот пристап и секојдневното тренирање кое што и тоа како му ја подобри играта и ја крева самодовербата.

Турнирот беше проследен од коректната публика, а меѓу гледачите можеше да се забележи и Наско Василевски, татко на шампионот Христо, битолска билјардска легенда кој што е добро познат на повозрасните љубители на билјардот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »