Шампион – Феникс АМС 37:32 (16:11)
Ракометарките на Феникс АМС во 9. коло од Женската лига, на гостувањето кај екипата на Шампион се поразени со 37:32.Уште од почетокот Шампион имаше контрола на играта и резултатот, поведе со 7:4 и 10:5 и најави триумф. До крајот на првиот дел Феникс не успеа да ја намали негативата и на пауза имаше минус од пет гола, 16:11.
Во продолжението Феникс успеа да намали на минус еден, кога беше 18:17. Потоа следуваше нова серија на Шампион со која го вратија водството и до крај го сочуваа за нови три бода.Во тимот на Феникс убедливо најефикасна беше репрезентативката Емилијана Ризоска со 16 гола.