Press "Enter" to skip to content

Ексртим бајк брилјираа на националниот даунхил куп во Грција (фото)

-Јовче Даскаловски – сингл краун категорија 1 место на купот.

Екстрим бајк тим од Битола, со поддршка на “СН финансиско друштво“, викендот учествуваа на вториот национален даунхил куп во Грција кој се одржа 14-15 ноември во Костур, под името “2nd Downhill Panhellenic Cup”. Тие се новите спортски амбасадори на СН финансиско друштво, кое ја потврдува намерата да биде секогаш тука за спортот. Eкстрим Бајк Тим од Битола учествуваше на националниот даунхил куп во Костур, Грција и имаше возачи во скоро сите категории кои беа најавени во купот оваа година.Патеката на која се одржува купот се наоѓа на околу 7 километри од Костур и е една од најтехничките и најинтересни “ДХ“ стази на Балканот, а се појавија 77 возачи од Грција, Бугарија, Македонија и Велика Британија. Бодувањето и наградите беа во согласното со UCI стандардите и секоја категорија се бодува до 5. место.За Екстрим бајк тимот возеа 9 натпреварувачи, а резултатите се шампионски. Јовче Даскаловски – сингл краун категорија 1 место на купот, Александар Фидановски- сингл краун 2 место на купот Боби Ивановски- елит категотија 5. место на купот Бобан Петковски 3. место во категорија мастерс.-Нашите членови на овој куп застанаа рамо до рамо со едни од најдобрите даунхил возачи од Балканот и пошироко. За нас најважно е искуството кое го добиваме на секоја една трка надвор од Македонија на која земаме учество затоа што возиме на поинакви стази, секоја различно технички спремна со што добиваме искуство како возачи, а тоа се забележува во нашите резултати. Екстрим бајк тим од Битола стана амбасадор на екстремните спортови за Македонија, надвор од националните граници. За можноста да возиме на овој куп и да се вратиме со полни раце пехари, им благодариме на нашите поддржувачи! Оваа победа Ви ја посветуваме вас, велат од Екстрим Бајк Тим Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »