Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола со победа се враќа од Атина

АЕК Атина – Еурофарм Пелистер 27:30 (13:16)

Екипата на Еурофарм Пелистер со победа се враќа од гостувањето од Атина, Грција, победувајќи ја екипата на АЕК Атина со 27:30, полувреме 13:16, во ЕХФ Европската лига, во 3. коло.

Еурофарм Пелистер наметна свое темпо од самиот почеток и на крај успеа да стави крај на позитивната серија на противникот, кој победи на првите два меча во групата Д.  “Пелистерци“ одлично отворија и поведоа со 1:4.  Предноста на Еурофарм Пелистер најчесто беше 3-4 гола. Потоа “пелистерци“ пак се одлепија на +5 (11:16), а грците со звукот на сирената за крај на првото полувреме намали на 13:16.   И во вториот дел “домаќинот“ правеше обиди да се врати во игра, но нападот на „зелено-белите“ функционираше без грешка. Завршницата донесе уште побезбедно водство на Еурофарм Пелистер, чии ракометари во рутинската игра во финишот дојдоа до голема победа во гости.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Јосип Периќ со осум гола.

За една недела, Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Татабања во Битола.