Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: Верувам дека АЕК ќе “удри“ во нашиот цврст “ѕид“

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола денес го продолжува натпреаврите во “Д“ групата во Евролигата, во која имаше неколку изненадувачки резултати кои ги измешаа работите. Избраниците на Жељко Бабиќ, вечерва ќе се соочат со грчкиот вицешампион и главното изненадување во натпреварувањето, АЕК Атина, а денес го имаа и официјалниот тренинг во Атина.

-АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа и одлично истрчување по освоена топка.  Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Франција, над Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект. Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно.

More from СпортMore posts in Спорт »