Press "Enter" to skip to content

Пелистер продолжува со 100% учинок, победена екипата на МЗТ Скопје Уни Банка

МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер 68:97

Кошаркарите на Пелистер од Битола продолжуваат со победите и со 100% учинок. Денес во 7. коло ја забележаа и седмата победа на гостувањето во Скопје кај младата екипата на МЗТ Скопје Уни Банка. 

“Пелистерци“ Момците на Илиевски уште од самиот старт тргнаа сериозно а на крајот од првата четвртина имаа +4 (19:23).  Втората четвртина помина повторно во знак на битолчани, а на одмор отидоа со +12 (39:51), а втората четвртина резултатски беше 20:28.

По одморот “пелистерци“ тргнаа посериозно и со ефикасни десет минути имаа 16:34, направија разлика од +18 поени и ги решија сите дилеми кој ќе биде победникот.

Во последниот квартал Илиевски им даде шанса на кошаркарите од клупата, постигна малку кошеви вкупно 11, а примија 13, но на крај Пелистер славеше со убедливи 28 разлика.

Кај Пелистер кошаркарот Малешевиќ со 17 поени беше најпрецизен.