Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два физички напади, врз србинка и струмичанец, сообраќајни контроли

На 15.11.2021 во 23.50 часот  СВР Битола било пријавено дека на ул. „Широк Сокак“ во Битола едно лице физички ја нападнало од Република Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.11.2021 во СВР Битола, Е.А. (41) од Струмица  пријавил дека  на 14.11.2021 во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 103 мерки и тоа 55 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 48 за пречекорување на максималната дозвилена брзина надвор од населено место. Откриени се и 2 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.