Press "Enter" to skip to content

Бабиќ по победата во Атина: горд сум на ракометарите, задоволство беше да се игра во Грција

Еурофарм Пелистер имаше успешно гостување во Атина, Грција каде ја забележа и рвата победа во “Д“ групата од Европската лига. Најавите на тренерот екипата од Битола, Жељко Бабиќ. дека грците ќе “удрат во цврст ѕид“ се остварија и одличната игра на битолчани во напад и одбрана донесоа победа.

Хрватот на официјалната прес конференција по завршување на натпреварот рече дека е задоволен од прикажаната игра, која на тимот му донесе воведен триумф на европската сцена.

-Одигравме перфектен натпревар. Подготвивме одлична одбрана и брз контра напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните „адути“ со кои ги победија претходно Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција, рече Бабиќ.

Следен предизвик за “пелистерци“ е Татабања, унгарски претставник гостува во Битола на 23 ноември.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »