Press "Enter" to skip to content

Во аптека “Роса Вита“, петок (19.11) мерење на тип на кожа, сабота и недела (20 и 21.11)скрининг на венска инсуфициенција (фото+видео)

Аптека “Роса Вита“ на барање на пациентите организира два големи настани, во петок, сабота и недела.Петок, 19 ноември, во просториите на аптеката “Роса Вита“ во Битола, со почеток во 9 часот,  ќе има промотивно испитување на кожата. Ќе се врши бесплатно мерење на тип на кожа (сува, мрсна итн.), со специјална микро камера од страна на експерт на “Bioderma“ при што се добива стручна препорака. Закажете термин преку порака на facebook или Instagram или на телефон во апреката 075 373 271. Времетраењето на процедурата е 15 минути, само со закажан термин, да се избегнат гужвите и да се почитуваат Covid протоколите за работа во аптеката.Во тој период ќе има и специјален попуст од 20%  на целата “Bioderma“ линија.Сабота на 20 ноември и недела на 21 ноември во просториите на аптека “Роса Вита“ во Битола ќе се врши скрининг на венска инсуфициенција. Мерењето се извршува со германски апарат “Bauerfiend“, со дигитална метода со која за неколку минути се мери волуменот во венскиот систем како и венска инсуфициенција. Се мери време на полнење на крв на вените и волумен којшто се полни.Прегледот чини 350,00 денари и сите заинтересирани да се пријават во аптека “Роса Вита“ за да го резервираат својот термин на facebook или Instagram или на телефон: 075 373 271.Овој апарат е првиот безжичен реографски систем за рефлексија на светлината на пазарот кој овозможува рано откривање на венски нарушувања кои можат да доведат до проширени вени и посериозни состојби во долниот дел на нозете. Со овој преглед се детектира рана идентификација на проблеми со вените со помош на брз, лесен, бесконтактен метод базиран на најновата Bluetooth технологија. Моќта на венското пумпање и времето на полнење може да се измерат брзо и лесно во рок од само неколку минути. Кога се комбинираат со системот за мерење “Image 3D“ и компресивните чорапи “VenoTrain®“, резултатот е комплетен концепт за нега што го промовира здравјето на нозете.