Press "Enter" to skip to content

Во Битола 45 нови позитивни на ковид-19, оздравени 15, активни 659 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 45.

Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од Битола се 15.

Во Битола до сега има 8.183 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 659 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, нема од Битола.

Направени се  преку ЦЈЗ Битола 79 и преку “Плодност“ 54 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.