Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведување за поседување дрога, сообраќајни контроли

Вчера околу 19.00 часот на ул.„Стрчин” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 19 годишник од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени хероин и амфетамин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (18.11.2021) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 65 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од олицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.