Press "Enter" to skip to content

Битола го доби првиот 24/7 ко-воркинг простор под името “Qworkingo“ (фото)

Лоциран во Нова Битола, на улица “Ружа Делчева“ бб, ги отвори вратите за професионалците, фриленсерите, уметниците и студентите. “Qworkingo“ со својот уникатен внатрешен дизајн, дефинитивно нема да Ве остави рамнодушни, а на нашите стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето.Една од целите е да се понуди алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери,  кои се во потрага по релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе ги направи да се чуствуваат како дома. Воедно овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија.

Токму затоа, OpenSpace  преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Битола и Македонија. Освен што на отворањето го објаснаа принципот на работа на ко-воркинг просторот, успеаа за прв пат да организираат панел дискусија во пресрет на Глобалната недела на претприемништво во која што претставници на фирмите Qodix, 3Mode, 3/4 by Jasmina и SN Finansii ги споделија своите (не)успешни приказни и предизвиците со кои се соочиле за да им покажат на младите претприемачи дека неуспехот е важен дел од приказната.Главната мисија на овој настан беше да се охрабрат младите луѓе да запливаат во претприемачките води и да не се плашат да се соочат со неуспех. Првата недела од нивното отварање е бесплатна за сите кои што ќе се приклучат на во нивната slack qworking заедница на следниот линк https://qworkingo.slack.com/join/shared_invite/zt-ybf1zl1z-FU5KJ0STpN~dDtiVCBEJBA?fbclid=IwAR3xJoGuS_rSOkU8MRTAniyu_10JRNmodgTYAqKOewF_KSlj2Ldk8qYnZOY#/shared-invite/email

“Qworkingo“ има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на овој простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе.Истовремено, посетувајќи го просторот можеби ќе ја најдат првата работа или пракса. Свесни дека Битола, почнува полека, да ги следи светските трендови, јасно е дека во нашето општество можат да се најдат се повеќе млади луѓе кои одлучуваат да работат за себе. Посетете го “Qworkingo“ и бидете дел од новиот социјално инклузивен co-working универзум.