Press "Enter" to skip to content

Браќата Илиевски ќе судат на квалификацискиот турнир У17 и У19 во Белград

Македонскиот интернационален судиски пар Методија и Михајло Илиевски од Битола, кои летово се здобија со знакот на ЕХФ, се наоѓаат пред нов меѓународен предизвик. Судискиот пар од Битола е делегиран од ЕХФ суди во квалификациите за Европското првенство во 2023 година за ракометарки до 17 и 19 години.

Илиевски заедно со арбитри од Русија, во Србија, каде ќе им “судат“ на пет селекции кои ќе играат меѓусебе во двете возрасни категории. Официјалните лица на натпреварите се од Србија, Босна и Херцеговина и Украина.

На турнирот ќе настапат селекциите на Австрија, Словачка, Србија, Исланд и Словенија.