Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 53 нови позитивни, оздравени 44, починато едно лице, активни 667 случаи

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19, од нив во Битола се 53.

Регистрирани сe 532 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 44.

Во Битола до сега има 8.236 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 667 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица едно починато лице од Битола  на 78 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола  71 и преку ‘Плодност“  53 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.