Press "Enter" to skip to content

Коњановски одржа работен состанок за функционирање на зимската служба

Со цел ефикасно организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Битола, во претстојната сезона, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, одржа работен состанок со претставници на сите субјекти задолжени за спроведување на Програмата. На средбата, претставниците на ЈП Македонија пат и КЈП Нискоградба, како реализатори на поголем дел од работните задачи, информираа за нивната екипираност и снабденост со потребните материјали.

Координацијата на активностите во зимски услови ќе ја врши координативно тело, формирано од градоначалникот и составено од претставници на Комисијата за јавни и комунални дејности на Советот на општина Битола, општинската администрација, јавните претпријатија, СВР Битола и Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалникот Коњановски, побара од присутните, по формирањето, координативното тело да одржува редовни состаноци со цел навремено и ефикасно дејствување на зимската служба. Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, беше донесена на седницата на Советот на општина Битола, одржана на 15 ноември 2021 година.