Press "Enter" to skip to content

Отворен музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ (фотогалерија)

Во семејната куќа на уметникот Ранко Струмениковски, во Битола, која сега е во најголем дел реновирана, синоќа беше отворен музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“. Овој уметнички простор е направен и модерно уреден и отворен по повод 85 години од раѓањето на Струмениковски.Во музејот, галерија и атејле се сместени околу педесетина графики на Струмениковски, дел од изработените логоа и дел од неговите лични работи, на два ката, кои се убаво и наменски уредени.На свеченото отворање зборуваа новинарот Драган Ристевски, ликовниот уметник и критичар Владо Ѓоревски – Рафик и Теодора Теа Ристевска – внука на Ранко.-Ме радува тоа што еве по долго време со многу труд се направи овој простор, за кој помогнаа Министерството за култура и градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, за што им сме им многу благодарни. Овој простор ќе биде наменски, а покрај за изложби ќе се користи и за мали камерни изведби. Се надевам дека овој наш семеен проект ќе биде мотив и за други семејства од Битола, за своите блиски кои направиле нешто за Битола во разни дејности, тоа да го изложат да го видат битолчани, а секако и да остават спомен за оние кои твореле, рече Драган Ристевски.Владо Ѓоревски – Рафик, зборуваше за творештвото на Струмениковски, за неговиот придонес во равојот на графиката во Битола и за неговите логоа кои се заштитен знак за многу битолски компании, “Епинал“, “Пелистерка“, “МНД“, “Прехрана“, “Битолатекст“, “Јавор“…-Еден град не само бетон, тула и друг материјал туку е она што го дава духовното претставување. Ние постоиме на столбовите, на трагите на нашите предци кои ни оставаат, ни ги пренесуваат духовните вредности, а ние имаме задача да им ги оставиме на нашите потомци, како што Ранко Струмениковски ни го остави неговото творештво. Вечерва се случува голем и важен настан, бидејќи од ова острово е како едно еден вид на Ноев брод, кој се обидува во ова денешено време, на скоро апокалиптика, да ја собере творешката меморија, чувствената меморија, во простор кој е спиритуален, простор кој ќе биде предаден на идните генерации, кој е на некој начин музеј на сеќавања и музеј на размислувањето за иднината, и додаде:-Мисијата на Ранко во овој град не само што беше самооткажаност и целосна посветеност во творештвото, туку успеа да ја разоткрие пред јавноста графиката, главна хемија во ликовната уметност, во време кога во Битола немаше грачички преси, кога немаше ни хартија за графика. По него се јавуваат уште неколку графичари кои имаа значајна улога низ светот, па затоа неслучајно во Битола е и графичкото триенале. Битола е еден од центрите на графиката во светотот, благодарение на Ранко.-Опусот на Струмениковски е голем и за среќа денес живее во најголем дел меѓу битолчани во нивните домови, а таму не се со продажба, туку со подарок од Ранко до голем број битолчани, дадени се од срце и со љубов. Тоа е важна особина, за која сите треба да размислуваме. Од него е и идејата Битола да има своја боја, како и Љубљана, а тоа да биде бојата на праската, рече Ѓоревски.Внуката на Ранко Струмениковски, Теодора Теа Ристевска е иницијаторот да се уреди овој простор, но и да се сними и документарниот фил за нејзиниот дедо, а на отворањето рече:-Кога ппрерано почина мојот дедо, Ранко, во 2000 година, јас имав само 6 години, и немав многу прилики да бидам со него, да бидам заедно со него во создавањето на неговите графики и други дела, па затоа на овој начин сакам она што ни го остави нам да го претставиме пред Вас, на кој ви благодарам што надјовте време да бидете тука на отврањето на овој простор, посветен на него.За крај на свеченото отворање беше прикажан документарниот филм “Придонесот на Ранко Струмениковски во македонската графика“.Новоотвотрениот музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ се наоѓа на улица “Киро Дандаро“ број 12 во Битола.

Текст и фото: С.Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »