Press "Enter" to skip to content

После 25 години се изврши рехабилитација на “косата пруга“ на браната “Стрежево“

Изминатиот период на браната “Стрежево“ со која стипаниссува ЈП “Стрежево“ од Битола, се извршуваа низа активности поврзани со расчистување на косата пруга од нанос. Косата пруга служи како патека за движење на “Косиот табласт затворач“. Овој затворач е еден од капиталните затворачи кои се сместени  во телото на браната “Стрежево“, а неговата улога е многу важна и одговорна и служи како ремонтен и еден од работните затворачи на Темелниот испуст.

Наносот повеќе од 25 години се наталожуваше на косата пруга и го имаше оневозможено подигањето и спуштањето на затворачот, односно тој не беше во функција повеќе години, а со тоа беше загрозена функцијата на системот “Темелен испуст“.

-ЈП “Стрежево“ од Битола секогаш има рационален пристап во изборот на интервенцииите и идентификувајќи го овој проблем се вложи со целото свое употребливо знаење во суштинска активност од големо значење за непречено функционирање на хидросистемот. Воведуваме сеопфатен и интегриран концепт за редукција на сите ризици по водостопанската инфрастуктура со која стопанисуваме во интерес на водокорисниците. Достапност на потребните количини вода која на време и во потребните количини ќе ги доставува водните ресурси неопходни за добросостојбата на граѓаните е наша водилка и основен приоритет на “Стрежево“, велат од претријатието.
More from ВестиMore posts in Вести »