Press "Enter" to skip to content

Утре започнува 13. издание на фестивалот “Музика од светот” (фото)

-На фестивалот „Музика од светот“ кој се одржува во Центарот на култура во Битола, а оваа установа е и организатор, за трите дена ќе настапат “Либеркватро танго ансамбл“ и балканскиот славеј, Билјана Биља Крстиќ од Србија и битолскиот дувачки оркестар заедно со вокални солисти од Битола.

Националната установа Центар за култура-Битола викендов го организира 13. издание на фестивалот „Музика од светот“, а по тој повод организираше  прес-конференција во Битола, на која зборуваа директорката Маја Андоновска Илијевски, српската уметница Крстиќ и селекторот на фестивалот Владимир Димовски. 

Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска Илијевски соопшти дека годинава на фестивалот ќе настапат гостите од Србија “Либеркватро танго ансамбл“ чиј концерт е закажан за утревечер, Биља Крстиќ со Битолскиот камерен оркестар ќе настапи на втората фестивалска вечер, а в недела за публиката Битолскиот дувачки оркестар и македонски ѕвезди ќе изведат македонски евергрини.-Овој фестивал на битолчани ќе им понуди едно убаво “бегство“ од нашето секојдневие затоа што ги нуди сите музички вкусови. Фестивалот на музика од светот опфаќа повеќе музички форми и жанрови, како и музички имиња од државата и светот. Фестивалот годинава има различни музички стилови кои ќе бидат реализирани на три квалитетни музички вечери, истакна Андоновска Илијевски, која за моменталните состјби и огранилувања додаде:

-Мене ми е многу жал за сите луѓе кои навистина имаат голем интерес да го проследат фестивал, но мора да ги враќаме заради немањето на тој сертификат. Се надевам дека оваа година ќе биде последна во која што културата ќе мора да работи на ваков начин и да ја селектира својата публика, затоа што живееме во сиво време во кое што уметноста, верувам, дека може да го обои животот и да му ја врати надежта.

За прв пат во својата музичка кариера, на сцената во Битола ќе настапи гостинката од Ниш, Биља Крстиќ, која најави дека во својот репертоар сврстила и познати македонски народни песни. Елена Андоновска ќе биде на сцената со големата ѕвезда во сабота, заедно со Камерниот оркестар од Битола.-Конечно стигнав во Битола каде за публиката на свој начин ќе ја отпеам “Битола мој роден крај“ затоа што таа легендарна песна ја сакаше мојот татко, кој беше железничар, која песна му ја пеев многупати дома, а не знам која беше причината за тоа, не го прашав. Никогаш во животот не сум имала трема пред концерт и чудно, но токму тоа сега ми се случува пред настапот во Битола, градот во кој прв пат доаѓам. Со мојот оркестар “Бистрик“ го обиколивме целиот свет, настапувавме во Вашингтон, во Малезија, Бали, Џакарта, Салвадор … и  рече меѓудругото српската уметница Крстиќ.

19 ноември – петок

20,00 часот, концерт на “LIBERCUATRO TANGO ENSEMBLE“ – Србија
 
20 ноември – сабота
 
20,00 часот,кКонцерт на БИЉА КРСТИЌ (Србија) и КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА
 
23,00 часот, клуб “Јагода“ ZAMER, Грција, BERRYQYAT, 
 
21 ноември – недела
 
20,00 чааот, концерт на БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР со вокалните солисти Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска, Нико Ѓоргиевски
 
Фото: Дамјана
More from КултураMore posts in Култура »