Press "Enter" to skip to content

Чествување по повод 77 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска Ударна Бригада (фотогалерија)

На платото пред “пожарната“ во Битола, кај спомен чешмата, на местото каде и е формирана, денес се одржа традиционалното чествување на 77 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска Ударна Бригада, која е формирана на 18 ноември 1944 година во Битола.За формирањето на Првата Егејска Македонска Ударна Бригада, зборуваше Александар Јаневски, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Битола кој пред присутните рече:-Годинава се одбележуваат 77 години од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола. На 18 ноември 1944 година пред Пожарната во Битола, од Леринско-Костурската Народно-Ослободителна Бригада, Воденскиот Македонски Баталјон и дел од Бригадата “Гоце Делчев“ беше формирана Првата народно-ослободителна ударна бригада од Егејскиот дел на Македонија која влезе во составот на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија! Настанот е овековечен со спомен-плоча на чешмата до Пожарната во општина Битола. Никогаш да не заборавиме, дека таканареченото егејско прашање не се само децата бегалци од 1948 година, туку и насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година.  ​Остануваме посветени на трајно решение на Македонското прашање и на унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција.  ​Нека херојската борба на генерациите пред нас, на ајдутите, комитите и партизаните, ни биде патоказ како се сака татковината и како се гине за слободата и обединувањето на Македонија!  Поради сите жртви и мртви за слободата на Македонија, од ова свето место и на овој свет ден, бараме раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ и нејзино прогласување за ништовна!

Чествувањето беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата
бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците
од Егејскиот дел на Македонија од Битола. Цвеќе на спомен чешмата положија, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, градоначалниците на Новаци и Могила – Стевче Стевановски и Драганчо Саботковски, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола – предводена од претседателот Пеце Милевски, делагација на здружението за заштита на Мариови од Прилеп, Сојуз на борци и здружението “Македон“.