Press "Enter" to skip to content

Во Битола започна фестивалот “Музика од светот“ со настапот на “Либеркватро танго ансамбл“ (фотогалерија)

Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола, со концертот на  гостите од Србија, “Либеркватро танго ансамбл“, започна тридневниот фестивал “Музика од светот“ во организација на националната установа Центар за култура од Битола.Годинашното 13. издание на фестивалот “Музика од светот“ го прогласи за отворен  директорката, Маја Андоновска Илијевски, која на отворањето рече:-Не можам да се согласам со зборовите дека јас сум најзаслужна за одржување на Фестивалот за време на корона, затоа што ова е место каде сите заедно, јас и Вие, постојано ја спасуваме културата во изминатите две години. Ако некогаш 150 луѓе во сала беше пораз, денес во оваа тешка реалност која сите ја живееме, е победа. Затоа сакам да Ви се заблагодарам на сите кои вечерва сте тука, а ќе бидете тука и целиот викенд, заедно да го прославиме фестивалот “Музика од светот“. Ние вечерва сме малку, пребројани, љубители на мизуката, но само така можеме да го спасиме светот, а тоа е мојата благодарност за сите Вас, а за фестивалот додаде:

-Нашиот фестивал силно ја прегрнува музиката од светот, и го отвора срцето на градот, претворајќи го лулка на уметноста. Во таа лулка се слеваат различни вкусови, правци, а нашиот фестивал ќе стане пристаниште на уметници кои го говорат универзалниот јазик на љубовта, преку ноти и музика. Ова е време кое не потсети на минливоста на животот и бесмртноста на музиката, затоа нека живее уметноста која ќе го спаси светот. Мојот аплауз вечерва оди за уметниците на сцената и публиката која е тука.Утре, сабота, на Фестивалот ќе настапи Биља Крстиќ, со Битолскиот камерен оркестар, а в недела за публиката Битолскиот дувачки оркестар и македонски ѕвезди ќе изведат македонски евергрини.

More from ВестиMore posts in Вести »