Press "Enter" to skip to content

Во Битола 43 нови позитивни на ковид-19, оздравени 26 пациенти, починато лице на 53 години

Според информации на Министерството за здравство регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19 од нив во Битола се 43.

Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од Битола се 26.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица, едно починато лице од Битола на 53 години. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, е пријавено е едно лице од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 67 и преку “Плодност“ 41 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1 442 544 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211 382, бројот на оздравени пациенти е 195 624, на починати е 7406, а бројот на активни случаи изнесува 8352.

More from ВестиMore posts in Вести »