Press "Enter" to skip to content

Горан Думевски 5. во “А“ дивизијата во “10-ка“, играчите од Битола најбројни во билјадр елитата

Деновиве во Скопје се одржа 5. и завршен мастерс од “А“ дивизијата во “амерички пул билјард“ на кого се играше дисциплина “10-ка“.

Тимот од Битола, во познатиот состав Тино Бојаџиев 9. место во севкупен пласман, Илче Трајковски 4. место во генерален пласман. Горан Думевски Панчо со 5. место беше најдобро пласиран битолчанец на турнирот, а исто така направи исчекор заземајќи го 8. место. Сите со освоените места го потврдија учеството и догодина во елитата на македонскиот билјард каде веќе им се придружи Димитар Симовски – Рашка кој е шампион во “Б“ дивизијата.

-Слободно може да кажеме дека Битола се промовира во најјбилјардски град во државата, затоа со четворица во најјаката лига се најмногубројни. Исто така со учеството на 10 играчи од вкупно 30 на завршните турнири од двете квалитативни дивизии се најбројни воопшто. Уште еден доказ е тоа што пред Купот на Македонија и екипното првенство претходи учество на турнир во Србија каде Битолската експедиција ќе брои 9 члена што досега беше незамислива бројка, вели Горан Думевски Панчо.

Инаку, кога се зборува за “амерички пул билјард“, дисциплина 10-ка, тоа е игра во која пред секој удар постои најава па така факторот среќа е сведен на минимум па може да се каже и дека воопшто го нема. Во оваа игра топката, со бројот 10, е таа што мора да влезе последна и се разбира по претходна најава во која дупка да влезе.