Press "Enter" to skip to content

Денес 2. седница на Советот на Општина Битола, ќе се носат програми за развој, ќе се формираат комисиите…

 Претседателот на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес во 10 часот ја закажа втората седница на Советот на Општината Битола. Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, а ќе се разговара за програмите за работа на Општина Битола и формирање на комисиите кои ќе работат во Советот, УО за наградата 4. Ноември, како и за тоа кој ќе ги склучува браковите во Битола.

Предлог на следниот, дневен ред за денешната седница е:

1.Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој  на Општина Битола за 2021 година. 

2. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2021 година.

3. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2021 година.

4. Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2022-2024 година. 

5. Формирање Комисија за финансии и буџет.                       

6. Формирање Комисија за јавни и комунални дејности.

7. Формирање Комисија за урбанизам и заштита на животната средина.     

8. Формирање Комисија за јавни дејности.

9. Формирање Комисија за месна самоуправа.     

10. Формирање Комисија за заштита на човековата средина.

11. Формирање Комисија за доделување на општински признанија и награди.

12. Формирање Комисија за статут и прописи.     

13. Формирање Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите.

13. Формирање Комисија за вршење надзор на материјално-финансиското работење.          

14. Формирање Комисија за евроинтеграции и меѓународна соработка

15. Формирање Комисија за млади, спорт и рекреација.

16. Формирање Комисија за локален економски развој.

17. Формирање Комисија за безбедност.           

18. Формирање Комисија за правата на децата. 

19. Формирање Комисија за подигање на спомен обележја.

20. Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“ на Советот на Општина Битола

21. Решение за определување членови на Советот на Општината Битола кои ќе учествуваат при склучување бракови.                                                                   

More from ВестиMore posts in Вести »