Press "Enter" to skip to content

Итен апел за помош на нашата сограѓанка Лидија Ристевска

-Да ја познаваш Лидија, ќе научиш лесно лекција за моќта на волјата, позитивната мисла, борбениот дух и истрајноста заедно. Лидија е пример како едно кревко суштество можи да се бори лавовски со сите животни предизвици носејќи ја на плеќи мултиплекс склерозата како најголем предизвик. Како болеста напредуваше, така борбата стануваше поголема- многу лавиринти, многу препреки, многу труд, верба и неоткажување, велат пријателите на Лидија.На ред е следниот голем чекор за кој како и претходно Лидија бара ваша поддршка и помош: третманот кој ветува, треба да се направи во Куба и за тоа се потребни итно 20.000 евра. Да ги отвориме срцата и да бидиме ветер во грбот на оваа прекрасна жена синоним за борбеност и истрајност и крајно, да ја видиме Лидија исправена. Од овој момент, секој издвоен динар , за неа е парче надеж по патот кој макотрпно го оди.

More from НекатегоризираноMore posts in Некатегоризирано »