Press "Enter" to skip to content

Коњановски со поддршка и желба за успех на кошаркарите на Пелистер (фото)

Пред натпреварот на КК Пелистер АД Битола со ривалот КК Работнички Скопје, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на вечерашните подготовки на кошаркарите за утрешниот дуел.Во разговорот со нив, градоначалникот беше детално информиран за досегашните постигнувања, но и за проблемите со кои се соочува клубот, после колективната оставка на раководството, како и за потребата од брзо надминување на истите. Во овој контекст, градоначалникот им вети поддршка, нагласувајќи дека локалната самоуправа стои зад нив, како голем поддржувач на кошаркарите, клубот и целиот стручен штаб.-Ви благодарам за поканата, сакам да ве поздравам сите и се надевам дека ќе бидам се почесто присутен, тука, на овие трибини. И да се радуваме на многу победи. Како општина Битола, како градоначалник, сакаме да застанеме зад Вас. Вашиот тренер, како гарант, заедно со Вас, врвни играчи професионалци, сте луѓе кои сте тука да ни го обелат образот на Битола и од Битола да направат една убава приказна. Се надевам дека ќе продолжиме заедно и понатаму и заедно ќе се радуваме на многу победи. Ќе се потрудиме да направиме се што треба, во границите на нашите можности, во рамките на нашиот буџет, да ви се овозможат сите потребни услови. Ви посакувам победа на натпреварот против Работнички, им порача градоначалникот Коњановски на кошаркарите.Натпреварот од првата лига на осмото коло, помеѓу КК Пелистер и КК Работнички, ќе се одигра утре, од 20 часот, во Спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »