Press "Enter" to skip to content

Протокол на градоначалникот: на седница на Совет, во посета на “пожарната“, на асфалтирањето во Трново

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес имаше пополнета агенда. Покрај другите обврски беше на 2, седница на Советот на Општина Битола, во посета на противпожарната единица на Битола и на увид на во селот Трново, каде е во тек асфалтирањето на патот, кој води кон Пелистер.Покрај измените и дополнувањата на програмите за економски развој, програмата за  уредување на градежно земјиште, како и програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици за 2021 година, денес како точка на дневен ред е и програмата која претставува иницијален чекор кон реализација на нашата визија за развој на општината во следните три години. Како што стои и во описот, со Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот од 2022 до 2024 година се уредуваат изворите на средствата и наменското трошење на истите согласно законските прописи кои ја регулираат оваа материја. Рокот за реализација на програмата е заклучно со 2024 година. Во овој период посебен акцент сакам да ставам на два капитални проекти, значајни за животот и безбедноста на граѓаните од повеќе аспекти. Во програмата за Развојни планови се воведува нова буџетска програма WA за Изградба на други објекти со која планирана е Изградба на објект на противпожарна единица, а средствата за реализација се во вкупна вредност од 30.750.000 денари, распредени во три години.  Второ, покрај тоа што спортот е голем предизвик за многу професионални спортисти, за кои се потребни посебни услови за спортување, согласно високи стандарди на европско и светско ниво, спортот претставува и здрав начин на живот, но и голем поттик и предизвик за младите луѓе.  Токму затоа, вториот капитален проект, кој ќе биде реализиран од страна на оваа локална самоуправа, со поддршка од Советот на општина Битола е изградбата на спортски комплекс во вредност од 184.500.000 денари. Останатите проекти од развојната програма, насочени се кон подобрување на инфраструктуирните услови во урбаниот и руралниот дел на општината, реконструкција и доизградба на улици и патишта, колектор во селото Брусник, изградба на детската градинка во АРМ, а предвидени се средства и за реализација на проектот за гасификација, во делот на надлежностите на локалната самоуправа.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претставници од одделението за комунални дејности и одржување на градежно земјиште, го посети селото Трново, каде во тек е асфалтирањето на локалниот пат. Според проектната документација, патот се реконструира во должина од 2.009 метри, а деновиве предвидено е да се асфалтираат останатите 1.700 метри. Со цел инфраструктурно уредување на овој дел од потпелистерието, жителите побараа од градоначалникот доуредување и на просторот пред Црквата Света Богородица.Со информацијата за обезбедени средства преку општинската развојна програма за изградба на нова противпожарна единица, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети вработените во територијалната противпожарна единица. Пожарникарите, посебно ги акцентираа условите во кои работат и руинираноста на објектот, а како дополнителна тешкотија во функционирањето, го наведоа и застарениот возен парк. На средбата, градоначалникот информираше, дека токму поради ваквите сознанија, еден од главните приоритети во неговата програма е противпожарната заштита и создавање адекватни можности за квалитетно извршување на работата, а со тоа и зголемување на грижата за безбедноста на граѓаните и нивните добра.