Press "Enter" to skip to content

Во Битола 47 нови позитивни, оздравени 15, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 449 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.859 тестирања, од нив од Битола се 47.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од Битола се 15.

Изминатото деноноќие регистрирани се и 12 починати лица од вирусот, едно починато лице од Битола на возраст од 72 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 211.831. Бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472. Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на Ковид-19.

More from ВестиMore posts in Вести »