Press "Enter" to skip to content

И Работнички “падна“ во Битола, Пелистер останува непоразен, 8 од 8 (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 88:84

Екипата на Пелистер продолжува со 100% учинок, осма победа во 8. коло. Во Битола победен секогаш мотивираниот Работнички со резултат 88:84, во натпревар кој со внимание го гледаа околу 1.000 битолчани, љубители на кошарката.Работнички на стартот на натпреварот добро започна и дојде до водство од 12:14. Следуваше серија на “пелистерци“ Малешевиќ постигна осум поени, а во последниот напад запишаа пет поениза 27:24 на крајот од првиот квартал.В0 втората четвртина Пелистер одлично одигра во одбрана, ги затвори центрите на Работнички и брзо дојде +12 (52:40) со кој резултат се отиде на одмор.Во третата четвртина “Пелистер дојде до највисоки +15, но потоа Работнички намали на  шест разлика 69:63, за интересен последен квартал.“Пелистерци“ одржуваа разлика во последната четвртина, која дојде до десетина поени. Работнички не се откажа, но Кесар и Младеновиќ погодија тројки, за конечни 88:84 и осма победа. Кај Пелистер најефикасен  Кесар со 19, а по него и  Малешевиќ со 15 поени.