Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Ултрасонографија или Ехо на бели дробови и негова примена

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на Ултрасонографија или Ехо на бели дробови и негова примена, за што вели:

-Ултасонографското испитување на бели дробови се прави со абдоминална конвексна сонда во 6-региони антериорен, латерален и постериорен. Ехо на бели дробови е индицирано кај градна болка, отежнато дишење, хипотензија, шокови состојби, хипоксија итн.                  

Со ултрасонографија на бели дробови можи да се дијагностицира постоење на:

1. Ателектази -колабиран бел дроб кои можат да се вродени и секундарни по торакални операции, повреди на граден кош, тумори,обструкции од туѓи тела на бронхите со знак на “Медуза“ најчесто кај големи плеврални изливи.                                                  

2. Постоење на насобирање на течност во плевралниот простор -Плеврална Ефузија која најчесто се прикажува на ехо анехогено во случаи на трансудат кога  причината за нејзино настанување се срцева слабост, цироза на црн дроб или нефротски синдром како и ексудативен плеврален излив кога во анехогеноста има и хиперехогени формации причина за настанување се тумори, пневмонија, ТБВ итн.      

3. Консолидација на белодробниот паренхим (пневмонии, АРСД)клучна улога има појавата на Б-Линии вертикални хиперехогени кои се патолошки доколку се 3 или повеќе помеѓу двете анехогени ребра на ехо на бели дробови, како и формата и подвижноста на плевралната линија која е со ирегуларна форма при потешки облици на пневмонија кога има појава на хепатизација на белиот дроб и присуство на воздушен бронхограм!                    

4. Појавата на двострани дифузни конфлуирачки Б линии билатерлно е доказ за постоечки АРСД, белодробен едем.