Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Феникс во градското женско ракометно дерби (фото)

Феникс АМС – Пелистер 25:35 (15:16)

Во градското ракометени дерби во Првата женска ракометна лига, кое се одигра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во кој екипата на Феникс АМС беше “домаќин“ победник е екипата на Пелистер, кој победи со резултат 25:35, полувреме 15:16.Ракометарките на Пелистер одлично го отворија натпреварот, резултатски се одлепија и по првите петнаесет минути имаа позитива од +4 (6:10). Но, пред финишот на првиот дел Феникс АМС, на крилата на одличната Емилијана Ризоска, фати ритам и со серија од 5:0 израмни на 11:11, ама сепак на полувреме замина со 15:16 за Пелистер.Голема борба и неизвеснот имаше и на почетокот на вториот дел, во кој “пелистерки“ не можеа да го пронајдат решението за македонската репрезентативка, Ризоска, која сама не можеше сама да ја одведе својата екипа до победа. Како одминуваа минутите, така растеше водството на Пелистер за конечно 25:35.Кај Феникс Ризоска со четиринаесет погодоци беше убедливо најпрецизната ракометарка , а кај Пелистер Наумовска и Босилковска  постигнаа по осум погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »