Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер Волеј над Вардар, со убедливи 3:0, во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Вардар Жени 2019 3:0

(25:21; 25:14; 25:19)

Одбојкарките на Пелистер во Битола, на домашен терен, ја зебележаа третата победа, овој пат ја победија екипата на реномираниот Вардар од Скопје, екипа минатогодишен учесник во финалната серија од куп и плејоф натпреварите.

Колку и да изгледа оваа екипа реформирана, самиот бренд носи голема тежина кога играат овие два клуба, со оглед на спортското ривалство на овие два спортски бренда. Пелистер Волеј подновен со нова опрема и нови дресови, ја забележа првата победа на домашен терен во салата “Боро Чурлевски“ со максимални 3:0 по сетови.За натпреварот и победата, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:-Во првиот сет се играше изедначено до првата третина па потоа Пелистер се одвои, направи убава разлика од 6 поени и на крај го доби сетот со +4 за 1:0 Во вториот сет апсолутно доминантно и без дилема одигравме далеку подобро за убедливи 25:14 што значеше 2:0. И во третиот сет иако се провлекуваа некои грешки, сепак нашите девојки не дозволија изненадување и со 25:19 за конечни 3:0 ги впишаа новите 3 сезонски бода во осмото коло од Првата Државна Лига.Поените ги освоија: Стефани Најдановска 15, Ивана Белокозовска 12, Сандра Дамчева 10, Ана Ивановиќ 8, Меланија Каралиоска 6, Анастасија Ристевска 1 и Михаела Цветановска 1.За истакнување е што нашиот клуб прв пат во својата историја, ангажираше стручно лице – спортски психолог, битолчанката, Жанета Ристевска, која редовно ќе работи со овие млади девојки, пред секој натпревар.Ние сме клуб кој ги препознава новите трендови, насоки и потреби во ова динамично време на живеење и ги вложуваме апсолутно сите човечки ресурси за најквалитетна работа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »