Press "Enter" to skip to content

Со “Битола мој роден крај“ Билјана Крстиќ го заврши концертот во Битола (фотогалерија + видео)

Како и најави српската пејачка Билјана Крстиќ, го заврши конертот во Битола, во втората фестивалска вечер на “Музиката од светот“, кој по 13. го организира Центарот за култура од Битола, која настапи заедно со Камерниот оркестар на Битола, со диригентот Владимир Димовски. Публиката уживаше во изведбите на Билјана, во безвременските песни создадени во Ниш, Врање, од каде и е потеклото, а големи аплаузи доби и на изведните на македонските песни. 

За крај ја испеа “Битола мој роден крај“, песна за која рече дека за неа и најубава, а биле и песна која ја обожавал нејзиниот татко.-Тој беше железничар и знаеше често да ја запее оваа песна. Кога имав 4 години, ќе дојдеше од работа и ќе ми кажеше, ајде сега татино да пееме. Ја пеевме оваа песна. Дојде ден и јас да ја запеам на концертна сцена, колку ќе бев среќна да беше жив и да го знаеше ова, рече Билјана Крстиќ, која додаде:-Ги сакам македонските песни како “Зошто си ме мајко родила“ и други.Утре е последната вечер, а ќе настапат битолски пејачи кои ќе изведат македонски евергрини заедно со Битолскиот дувачки оркестар.

More from КултураMore posts in Култура »