Press "Enter" to skip to content

Ѓукиќ погоди од пенал за “реми“ во Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28:28 (13:12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 1.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 4, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски,  Петровиќ 3, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 4. Блажевски, Арсеновски 4.

Охрид: Брауновиќ, Ковачески, Андоноски 5, Кривокапиќ, Костов, Николов 2, Шилегов 14, Младеновиќ 2, Тасески 1, Грубор 2, Манасков 1, Ристески, Додиќ 1, Димитриески, Милошевиќ.Во рамките на 11. коло од Супер лигата, во Битола, екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Охрид ги поделија бодовите, играа нерешено, 28:28, полувреме 13:12, во натпревар со многу грешки и пресврти, а “пелистерци“ се спасија од пораз во последната минута со гол од седум метри, кој го погоди Ѓукиќ.

“Пелистерци“ поведоа со 3:0, а следуваше 5:5 во 15. минута. “Пелистерци“ заиграа подобра одбрана, постигнаа неколку лесни голови за 9:7. Охриѓани се вратија до 12:12, а Арсеновски со звукот на сирената погоди за 13:12 по 30 минути.Во второто полувреме домаќините поведоа со 17:14, но со серија 4:0 во 40. минута гостите возвратија за 17:18. Еурофарм Пелистер имаше +2 (21:19), а потоа Охрид го презеде водството на влезот во последните десет минути. Со +1 и напад охриѓани тргнаа во последната минута од дуелот, а во последниот напад Ѓукиќ од седум метри израмни на 28:28. 

Најефикасни поединци кај Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Атанасијевиќ со седум Арсеновски и Ѓукиќ со по четири гола.