Press "Enter" to skip to content

Во Битола 33 нови позитивни од 123 ковид тестови, 23 оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 новислучаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 33.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од Битола се 23.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 80 и преку “Плодност“ 43 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.