Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Пелистер елиминиран од Мешков Брест во Купот на победниците (фото)

-И пред 10 години во Битола, а секако и многу порани, гледавме европски ракомет, а точно пред 10 години во Битола гостуваше екипата на Мешков Брест, во реванш натпревар од 3. коло од Купот на победниците на куповите. Пелистер загуби со 25:26 и не се пласира понатаму, а остана една убава ракометна проказна, а во салата во Битола имаше 5.000 гледачи, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Иако по двете средби разликата во голови е плус осум за бело-руската екипа, впечатокот кај сите е дека екипата на Пелистер не заостанува многу по квалитет или по она што го прикажаа на двете средби. Како главна причина за двата порази, според сите кои го следеа
реваншот, се наведуваат малиот број квалитетни средби на ракометарите на Пелистер и секако малиот број ракометари кои ги имаа на располагање тренерите Александар Зарков и Кире Поповски, а секако тука се и сите проблеми кои беа присутни во клубот во изминатиот период. Објективната битолска публика со аплаузи ги испрати гостите за пласманот во осминафиналето и домаќините за прикажаниот максимум. 

Спортска сала “Младост” – Битола. Гледачи: 5.000
Судии: Павел Василе и Еуген Мариан Стате (Романија)
Делегат на ЕХФ: Јосип Посавац (Хрватска)

Пелистер: Тоскоски (5 одбрани), Мисовски (7 одбрани), Неданоски 7 , Караиванов, Везенковски 3, Димитровски 1, Петровски 5, Цантурија 1, Маретич, Митревски 3, Митевски, Марковски 5.
Седмерци: 7/3, исклучувања: 4 минути.

Месков Брест: Черепенко (1 одбрана), Божиќ (22 одбрани), Татарин 3, Ревин 2, Гро-
шас, Кириленко 1, Новицкис 2, Баранов 5, Благонадеждин 5, Громиљко 5, Башкин 1, Калисноу 1, Барзенко 1.
Седмерци: 3/3, исклучувања: 8 минути.

More from БитолаMore posts in Битола »