Шкупи – Пелистер 5:0 (3:0)
Продолжува најлошатат сезона на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, и по 14. коло од Првата фудбалска лига немаат победа, а денес се поразени од Шкупи со 5:0, на Чаир во Скопје. Екипата од Битола, се уште е без назначен тренер по оставката на Капунковски, а од коло во коло опстанокот во лигата е подалеку, односно Втората лига е поблиску.
Лидерот на табелата, Шкупи, уште во 11. минута имаше водство 1:0. Во 37. минута Маркоски со сигурна завршница погоди за 2:0, а Цветаноски со уште поубав погодок, откако со удар од далечина го совлада Трајчевски за 3:0.
Во вториот дел во 54. минута, кога младиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски небранет од никого со глава погоди за 4:0, додека точка на мечот стави дефанзивецот Чешмеџиев со погодок во 85. минута за конечни 5:0.
Во идното коло екипата на Пелистер шанса за прва победа ќе бара против Скопје.