Press "Enter" to skip to content

Протест во Битола, против “присилната вакцинација“ (фото)

Во 18 часот, како што и беше во изнинатиот период, се одржа мирен протест, како што рекоа дел од присутните, против “присилната вакцинација“, кој се одржа на плоштадот “Магнолија“, а продолжи со марш по Широк Сокак, се до Офицерски дом. Ова е веќе трет месец, како се одржуваат овие мирни протести. Пред присутните кои спонтано се собираат по повик на социјалните мрежи, зборуваше Игор Петковски, кој ги повтори ставовите од порано, дека тие не се антиваксери и додаде: -Ние ги имаме примено сите вакцини и затоа не сме против вакцинирањето, туку сме против начинот на вакцинирање. Слободна волја е на секој сам да одлучува дали ќе се вакцинира или не, а не со присила. Односно секој да има време да ги води продобивните или последиците од вакцините и сам да одлучи, но кога за тоа ќе има официјални валидни извештати. Што се однесува пак до начинот на продолжување на протестите, тие ќе продолжат и во иднина, во недела, но во нов термин во 12 часот. Исто така протестите ќе останат мирни и нема да се дозволи тое да се радикализираат.Дел од присутните порачаа дека сакаат и кај нас да биде решена ковид кризата по “шведскиот модел“ кој се покажа како ефикасен.На протестот имаше јавување во живо при што се зборуваше за ковид кризата и вакцините, и имаше други говорници, а потоа се одржа и маршот по Широк Сокак до Офицерски.

More from ВестиMore posts in Вести »