Press "Enter" to skip to content

Со концерт на дувачкиот оркестар и вокални солисти заврши фестивалот “Музика од светот“ (фотогалерија)

Вечерва со концерт на дувачкиот оркестар од Битола и вокални солисти заврши 13. по ред фестивал ,,Музика од светот“ кој го организира центарот за култура од Битола.Заедно со дувачкиот оркестар пееја Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Тамара Стојковска, Нико Ѓоргиевски и Зарина Прва Севда.Тие испееја македонски безвремени евергрини од повеќе автори од дувачкиот оркестар им порачаа на битолската публика дека се пресреќни дека на овај фестивал се појавиа пред нив и доколку дозволи ковид ситуацијата ќе има за брзо време и нови дружења.Публиката во салата уживаше во концертот и заедно со изведувачите ги пееја добро познатите песни.Инаку, на 13. фестивал ,,Музика од светот“ настапија LIBERCUATRO TANGO ENSEMBLE и БИЉА КРСТИЌ од Србија и КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА Битола.

Фото: Дамијана

More from ВестиMore posts in Вести »