Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 6.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од Битола се 32.
До сега во Битола има 8.364 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 666 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, едно починато лице е од Битола на 68 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.