Press "Enter" to skip to content

Гоце Ојлески: Татабања е цврст ривал, а ние веруваме во победа

На еден ден пред натпреварот во Битола во рамките на “Д“ групата од Лигата на Европа, и по двете одлични игри и донесени три бода во Битола од гостувањата во Швајцарија и Грција, екипата на Еурофарм Пелистер посекува продолжување на серијата успешни натпреаври.

Пред “пелистерци“ е нов меѓународен предизвик и дуел со екипата на Татабања, од Унгарија, противник кој е добро познат на битолската публика, а за нив Гоце Ојлевски вели дека тимот одлично се подготвува за овој дуел и е спремен за нова победа:

-Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на тренерот Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходно и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам – сите веруваме во победа.

More from СпортMore posts in Спорт »