Press "Enter" to skip to content

Граѓаните бараат домаќинско осигурување кое покрива штети кон и од соседите, вели креаторот на пакетот СН Дом

Кога домот е на удар на некаков ризик, тогаш и семејството е изложено на ризик. Осигурениците знаат дека е најдобро да се осигураат од што е можно повеќе ризици и во однос на домот и во однос на членовите на домаќинството, но финансиската моќ не секогаш им го дозволува сето тоа.

-Поради ова, СН Осигурителен Брокер АД Битола по обемно истражување на потребите на граѓаните, креираше пакет кој истовремено овозможува осигурување на домот и на членовите на домаќинството. „Осигурениците се повеќе се интересираат како да го заштитат она што за нив е највредно, семејството и домот, и како тоа да го направат по пристапна цена. Затоа го креиравме пакетот СН Дом, кој по цена веќе од 1500 денари годишно, нуди осигурување од цела палета ризици на кои секојдневно се изложени домаќинствата и семејствата, вели Никола Гацоски, раководител на секторот за индиректна продажба во СН Осигурителен Брокер АД Битола, кој заедно со раководителот на секторот за прием во осигурување, Даниел Паришко, се креаторите на пакетот СН Дом.

Пакетот покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, поплава од внатрешни инсталации, кршење на стакла и инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провални кражби, разбојништво…

-Пакетот СН Дом е единствен од овој тип на пазарот, како заради цената, така и заради обемот на ризици кои ги покрива. Во овој пакет има неколку ризици кои се единствени и кои што ги нуди единствено СН Осигурителен Брокер на пазарот. Меѓу нив е и осигурувањето на членовите на домаќинството. Тие се опфатени со осигурување од незгода. Тоа значи дека покрај тоа што е осигуран домот, осигурани се и членовите кои живеат во тој дом. Од тука СН Дом е единствен пакет на пазарот кој го покрива сето ова. По тоа се разликуваме од останатите и со гордост можеме да кажеме дека сме единствени во тој дел, вели Гацоски.Пожарите се шират брзо и можат да нанесат голема материјална штета

Најчесто граѓаните се интересираат за осигурување од пожар во домот. „Тоа е ризик од кој луѓето особено сакаат да се заштитат и осигураат и би рекол со право. Од лично искуство, по пожар во мојот дом, можам да посведочам колку многу значи осигурувањето во таков случај. Минатата година во октомври, додека јас, сопругата и трите деца бевме дома, ненадејно изби пожар од машината за сушење алишта во бањата. Сите бевме во дневниот престој и како и секоја нормална вечер гледавме телевизија. Одеднаш почуствувавме мирис на чад. Веднаш се качив горе, но пожарот беше толку многу прогресивен, што брзо ја зафати и машината за перење и почна да се шири секаде наоколу. Огнот ги зафати сите елементи во бањата, вратата, зидовите, таванот и почна да се шири во ходникот. Не можевме ни да се приближиме. Противпожарната служба брзо дојде и го изгасна пожарот, но сепак материјалната штета беше голема, односно околу седум илјади евра.“-се сеќава Гацоски, додавајќи дека за среќа имал осигурување на домаќинството.

Граѓаните бараат домаќинско осигурување кое покрива штети кон и од соседите

Во пракса најчесто се случуваат помалите ризици, но и тие можат да нанесат поголема материјална штета, вели Гацоски. Такви се случаите со пукање на цевки и излевање на вода во домот. “Граѓаните често прашуваат дали кога се случуваат одредени штети во осигураниот стан осигурувањето покрива штети кон соседите и штети од соседите. На пример прашуваат што се случува ако протече вода од горниот стан кон осигурениот стан, или ако протече вода од осигурениот стан кон друг стан во соседството. Овој пакет ги покрива и тие ризици. Тоа значи дека кога некој го осигурува домот со пакетот СН Дом, тогаш индиректно го осигурува и домот на соседите во однос на некои ризици како што е излевањето на вода.“-појаснува Гацоски, додавајќи дека и излевањето вода може да доведе до големи финансиски штети. “На пример кај пукната цевка, водата се излева, ги зафаќа вратите, паркетот. Ако вратите и касите се подујат од водата, ако водата излезе надвор од бањата и зафати дрвени подови, ламинат или паркет и истите се оштетат, тогаш се признава и тоа. Пакетот СН Дом ги покрива овие ризици. Покрај пукањето на цевката, се признава во одреден дел и копањето, замена на плочки, како и повторно лакирање на паркет ако за тоа има потреба, односно се што може да настане како последица на тие ризици.“-објаснува Гацоски.

Додава дека дополнителна предност е што овој пакет покрива голем број ризици и сето тоа по достапна цена. „Кога ќе им го презентирам СН Дом кој покрива толку многу ризици на потенцијалните осигуреници тоа им изгледа одлично. Но, штом стигнеме до цената веќе од 1500 до 1800 денари за простор од 100 квадрати, тие започнуваат таа цена да ја пресметуваат по 12 месеци и заклучуваат дека би им дошло скапо. Но, тогаш им појаснуваме дека сумата е всушност за годишно ниво. Целото осигурување за една цела година го добиваат за сума од 1500 денари, што е навистина пристапна цена. Исто така може да плаќаат на рати што би дошло по некои 100 до 200 денари месечно, зависи дали ќе го изберат пакетот СН Дом Комфорт или СН Дом Ексклузив, кој покрива и дополнителни ризици. Затоа настојуваме што повеќе да ги информираме граѓаните да разберат колку е сеопфатен овој пакет и колку многу поволности нуди, а сепак ценовно се вклопува во понудата на пазарот. Што значи за иста цена со овој пакет граѓаните добиваат многу повеќе.“-вели Гацоски.

Всушност, преку калкулаторот на веб страната на СН Осигурителен брокер секој брзо и лесно може да пресмета колку би чинело осигурувањето на неговиот стан или куќа. За да се добие годишна цена за осигурување потребно е само да се внесе квадратурата на станот и да се избере пакетот.

-линк до калкулатор https://snbroker.mk/kalkulator/

-линк до СН Осигурителен брокер https://snbroker.mk/