Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци доби противпожарно возило донација од Операцијата Флоријан , Велика Британија

Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на пожари донација од Операција Флоријан со кои имаат потпишано Меморандум за разбирање и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.-Возилото,техничката опрема и инструментите кои денес ги добивме како донација од Операција Флоријан ќе ни биде функционална и од голема корист. Целта на донацијата е подобрување на противпожарната заштита во општимата, управување со шумските пожари, едукација и превенција со поддршка на доброволните друштва кои се едни од главните промотори  за заштита од пожари во Европската Унија, како во урбаните средини, шумските и техничките интервенции, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.Англиските пожарникари ќе престојуваат во Македонија неколку дена во хуманитарна мисија, како дел од операцијата “Флоријан” и ќе учествуваат во  обуките за локалните пожарникари и доброволни противпожарни друштва.Тие на македонските пожарникари ќе им ја објаснуваат употребата на најновата техника за гасње пожари, а ќе би обучуваат и за учеството и улогата на пожарникарите во случаи на поголеми сообраќајна несреќи или инциденти со пожари на патиштата.-Мисијата на Операција Флоријан со донирање на противпожарни возила и опрема во Македонија е започната од пред десеттина година а се спроведува во преку четириесеттина земји во светот. Инструкторите и пожарникарите од Велика Британија што ги довезоа возилата ќе одржат и обука за управување и користење на противпожарните возила и опрема со македонските пожарникари, рече Roy Barraclough од Операција Флоријан.