Утрово, околу 8 часот, во Битола, на железничкиот премин кај населбата “Карпош“, кој во води кон населбата “Буримечка“ се случи железничка-сообраќајна несреќа во која учествуваа патично возило “пежо“ со битолски регистарски таблички и железничка работна машина. Возилото било туркано десетина метри по пругата.Во несреќата, во непосредна близина на училиштето “Коле Канински“, тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди. Според очевидците кои беа самото место, судирот бил страшен, а тоа можело да се види и според тоа колку било оштетено патничкото возило. На местото на несреќата за брзо пристигнале возила за брза помош, полиција и пожарна. СВР Битола поведе истрага за овој случај.
Фото: Н.Блажевски