Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади и сообраќајни контроли

На 21.11.2021 во СВР Битола, 38-годишна жена  од  Битола пријавила дека булевар „1-ви Мај“ била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг на возраст од 39 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2021  во близина на фудбалското игралиште во село Могила, битолско, 52 годишно лице од с. Стругово, Демир Хисар, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 21.11.2021 во СВР Битола, З.С. од Битола пријавил дека во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу младински екипи од Битола и Скопје, неговиот малолетен син (играч на битолскиот клуб) бил физички нападнат од три лица – играчи од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2021 во СВР Битола, Е.Г. од Битола пријавила дека во спортската сала Боро Чурлевски во Битола, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу младински екипи од Битола и Скопје, нејзиниот малолетен син (играч на битолскиот клуб) бил физички нападнат од едно лице – играч на скопскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 59 мерки и тоа 44 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 15 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. Откриени се и 7 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »