Press "Enter" to skip to content

Фото вест: оштетена бандера опасност за манастирот Кркардаш и посетителите

Оштетена бандера за електрична енергија која се наоѓа во дворот на манастирот “Св. четириесет маченици“ или популарно кај битолчани Кркардаш, кој се наоѓа на Баирот, над Битола, е потенцијална опасност за манастирот и за посетителите, посебно на оние кои седат на клупите до неа.

-Имаме оштетна бандера во близина на манастирот за која многу пати имаме побарано да се биде променета кај ЕВН во Битола и во телефонскиот број за контакт, но досега ништо од тоа. Ние како одговорни луѓе кои се грижиме за манастирот и целиот комплекс на своја рака, како гледате, колку што можеме ја обезбедуваме бандерата да не падне и да направи поголема штета. Ја потпираме со други греди, но сепак проблемот останува, вели Димитар – Џими дел од манастирскиот одбор.