Press "Enter" to skip to content

Амбасадорот на Косово во посета на Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари работна средба со амбасадорот на Косово, Приндон Садриу и заменик амбасадорот Влорат Гаши.

Дипломатските претставници и градоначалникот, изразија верување дека во идниот период, воспоставената комуникација треба да се интензивира, во функција на взаемна соработка и поддршка во повеќе области, пред се на културен и економски план.